ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ поради укинувањето на динарот во Косово бара итна седница на Советот за безбедност на ОН

February 2, 2024 18:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста истакна дека според Бриселскиот договор и во сите други договори Србија има нормативно право за финансирање на одредени активности за косовските Срби, како здравството, образованието, пензиите, што е предвидено и во идната Заедница на српски општини (ЗСО), потенцирајќи дека укинувањето на динарот никогаш не било тема на дијалогот со Приштина и оти косовскиот премиер Албин Курти самоиницијативно донел одлука за укинување на динарот како платежно средство, јави дописникот на МИА од Белград.

– Овој пат, односот меѓу земјите од Квинта и најголемите западни сили, сите, речиси сите членки на Европска Унија или институциите на ЕУ, е поинаков. Ако ги следите нијансите во тие реакции, ќе видите дека дури и американското соопштение е нешто посилно од она на ЕУ и верувам дека западните партнери ќе си го одржат зборот и ќе се обидат да се изборат за основните права на српското население, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека со Приштина има дијалог, но дека целта на Курти е етничко чистење на Србите од Косово, или како што пишува во Конвенцијата за геноцид, „намерно подложување на Србите на ненормални услови за живот“.

Вучиќ порача дека за укинување на динарот нема да има разговори меѓу Народната банка на Србија и Централната банка на Косово и дека Приштина кога ги бара тие разговори всушност бара признавање.

– Србија ќе продолжи да обезбедува доволно парични средства за Србите на Косово, за што денес се веќе исплатени пет милиони евра, а предвреме ќе исплатиме уште 22 милиони евра за плати, пензии други давачки, кажа тој.

Вучиќ најави дека Србија в понеделник ќе поднесе писмено барање за одржување на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово, изразувајќи надеж оти седницата ќе се одржи и изјави дека освен членките на Советот за безбедност на ОН, ги известил и сите земји членки на ЕУ за сите ескалирачки потези на Приштина во изминатите две години, наведувајќи што сè бара Србија од меѓународната заедница во согласност со Уставот и резолуцијата 1244.

Вучиќ потсети дека Србија од 1 март ќе има единствен пазар со Северна Македонија и Албанија и додаде дека смета дека ова е одлична работа за луѓето од регионот, што ќе овозможи да разговараме со ЕУ за така наречените „зелени појаси“ за нашите камиони.

Tags: ВучиќКосово
Next Post

Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk