ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русија, Иран и германската АфД нема да бидат поканети на безбедносната конференција во Минхен

February 3, 2024 11:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Додека Германија се подготвува да биде домаќин на Конференцијата за безбедност во Минхен подоцна овој месец, неколку меѓународни лидери и германски политички партии ќе бидат исклучени од овогодинешниот собир, истакна претседателот на безбедносниот форум, Кристоф Хојсген. Владите на Русија и Иран не се поканети да им се придружат на околу 50 лидери и околу 100 министри кои треба да присуствуваат на состанокот, кој се одржува од 16 до 18 февруари, објави Дојче веле.

Годишната конференција е независен форум за носителите на одлуки за безбедносна политика кои разговараат за сегашните и идните предизвици. Меѓу учесниците обично се наоѓаат шефови на држави, на влади и меѓународни организации, министри, законодавци и високи воени претставници.

„Пред неколку дена рускиот претседател рече дека со задоволство би преговарал, но не со оваа украинска влада. Со други зборови, нема сериозна волја за разговор. И затоа рековме дека нема да ја поканиме руската влада, но ќе повикаме Руси од невладини организации, политичари во егзил“, изјави Хојсген.

Минатата година тој ја примени истата практика на првата конференција по целосната руска инвазија врз Украина.

„Во случајот со Иран, слушаме од германската влада, но и од Американците, дека нема интерес за разговори. Како што моментално стојат работите, ќе поканиме само Иранци од невладини организации“, нагласи претседателот на конференцијата.

Хојсген додаде и дека некои германски политички партии нема да учествуваат на состанокот, наведувајќи дека нема да биде поканета десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), што се случи и минатата година.

Од партиите претставени во Бундестагот, новата популистичка алијанса Сахра Вагенкнехт (BSW), исто така, не е поканета.

„Пратениците на БСВ во Бундестагот не се избрани како политичари на БСВ, туку како левичари“, изјави Хојсген за ДПА, објаснувајќи ја својата одлука.

Долго време беше вообичаено на конференцијата да бидат поканети политичари од сите партии застапени во Бундестагот. Хојсген ја напушти оваа практика минатата година кога првпат претседаваше со конференцијата и не покани ниту еден политичар на АфД.

„Тогаш реков дека не сакам да поставам црвен тепих за една десничарска екстремистичка партија“, изјави тој за ДПА, нагласувајќи дека некои се сомневаат во овој пристап, но тој верува дека неговата одлука била правилна.

Според него, на безбедносната конференција нема место ниту на десничарската група Вертунион, чиј претседател Ханс-Георг Масен планира да основа партија.

„Ние не покануваме ниту еден од нив, па ќе видиме како ќе биде тоа“, одлучен е Хојсген.

Г. Т.

Tags: АФДБезбедносна конференција во МинхенИранисклучениРусија
Next Post

Професор по дефектологија уценува студенти: Помала оцена ако напишете Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk