Се уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Тој потврди дека се сретнал со Арбен Таравари , но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, само се виделе во Парламентот.
Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки, рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса отиде во опозиција.
Ковачевски заклучи дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.