„Пред две недели излезе студија на Светски Економски Форум, кои се ризиците за светската економија за 2024 година и детектира четири ризици: геополитички промени, климатски катастрофи, економска нееднаквост и дезинформаци. Ние сега се соочуваме со еден од четирите предизвици со дезинформации изминатите месеци, поврзано со сите проекти кои треба да се градат, а се соочувавме со такви предизвици и кога беше енергетскката криза. Дури и Светскиот Економски Форум како опасност и ризик за развојот на економиите ги посочува дезинформациите затоа што над 6 милијарди од светската популација, оваа година ќе гласа на избори“, посочи Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.
Тој се осврна на професор од Машинскиот факултет го искритикувал проектот уште пред да го прочита, при што истакнал:
„Не сум го видел предлог законот, но од она што е веќе објавено во јавноста, може да се види дека владата по секоја цена сака инвеститорот да го задржи и дека договорот е штетен“.
Андонов нагласидека без да се прочита договорот, се коментира.