ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција на тема „Десет дена техничка влада“ денеска, 9 февруари, со почеток во 11 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка, 3 кат.
ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на политичките и изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ е следење на работата на техничката влада, чиј состав беше изгласан во парламентот на 28 јануари.
ЦИВИЛ спроведе мониторинг во повеќе области, од кои за првата прес конференција, се издвојува:
- Дезинформации и пропаганда поврзани со функционирањето на техничката влада
- Главни пропагандни наративи во првите десет дена на техничката влада
- Постапување на функционерите на техничката влада во контекст на доброто владеење, одговорноста и транспарентноста
Претставниците на ЦИВИЛ ќе презентираат неколку илустративни наоди во областите што ги покрива со својот мониторинг.
ЦИВИЛ / Цивил Медиа