ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет

February 16, 2024 09:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ќе биде присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.

– Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Северна Македонија да обезбеди свој промотивен простор во рамки на маркетот во Берлин, каде присуствуваат голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет, се вели во соопштението од Агенцијата за филм.

Македонскиот штанд ќе биде позициониран на централна локација, во Музејот „Мартин Гропиус Бау“ каде традиционално се одржуваат активностите во рамки на индустрискиот дел на Берлинскиот филмски фестивал. Македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе остварува средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталог и промотивен материјал.

Агенцијата за филм секоја година е присутна на маркетот со различни активности за промоција на македонски филмови. Така, во 2024 година Агенцијата за филм закупи и проекција на маркетот за филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Со овие проекции, како што се наведува, филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

– Присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет, еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија и се олеснува соработката и промоцијата на филмските професионалци на глобалната филмска сцена, стои во соопштението.

Покрај промотивниот штанд, Агенцијата за филм ќе биде присутна и на интернет платформата на маркетот, каде сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе можат да ги проследат содржините во виртуелен формат.

Tags: Агенција за филмБерлинале
Next Post

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

НАЈНОВО

Сабаленка оди во полуфинале, Вондрушова се откажа од УС Опен поради повреда

September 3, 2025

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го победи Фриц за полуфинале со Алкараз на УС Опен

September 3, 2025

„Лидл“ почнува да гради маркет во општина Аеродром

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk