ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сослушување за акциите на Израел на окупираните палестински територии пред Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг

February 19, 2024 09:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
фото: ЕПА

фото: ЕПА

Во Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг денеска почнува сослушувања за политиката и дејствијата на Израел на окупираните палестински територии.

Педесет и две земји и три меѓународни организации ќе учествуваат на сослушувањата.

Кон крајот на 2022 година, пред почетокот на војната во Појасот Газа, Генералното собрание на ОН побара од судот мислење за правната последиците од дејствијата на Тел Авив кон Палестинците на окупираните територии.

Израел ја презеде контролата врз Западниот Брег и Источен Ерусалим во 1967 година. Во моментов, помеѓу населението од три милиони Палестинци, има и околу 700.000 израелски доселеници. Палестинците тврдат дека овие територии се независна држава со главен град Источен Ерусалим.

Во јануари, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи злосторството геноцид во Појасот Газа и да направи сè што е можно за да ги заштити животите на цивилите за време на тековната воена операција, што почна по нападите на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според прелиминарната пресуда во случајот поднесен од Јужна Африка со кој се обвинува Тел Авив за кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, тоа значи и дека Израел мора да дозволи поголема хуманитарна помош на опколените територии.

Додека Советот за безбедност на ОН се очекува утре да гласа за резолуцијата што ја побараа арапските земји, претставени од Алжир, со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа. САД веќе најавија дека ќе стават вето.

Tags: израелМеѓународниот суд на правдата на ОНХаг
Next Post

Вјоса Османи за „Ал Аан“: Сите докази за нападот од 24 септември во северно Косово водат до Вучиќ

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk