Архитектот и политикологот Тони Поповски преку видео објава на Фејсбук, изрази поддршка кон актуелниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, за кандидатура за втор мандат.
„Моја поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски. Во него автентичниот по граѓански каузи и проевропски граѓански сектор има докажан партнер за соработка. Пендаровски е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали. Неспорен е и неговиот меѓународен углед не само како Претседател на Републиката туку и како меѓународно угледен безбедносен експерт. Таа експертиза нас како држава и општество ни е неопходна во едно зовриено геополитичко опкружување”, објави Поповски.