ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Финишираат кандидатурите, Рамадани – предлоготот на Ахмети, претседател на државата да избира Собранието е логичен и прифатлив

February 22, 2024 14:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, кој е и кандидат за претседател, бараат претседателот во иднина да се избира во Собранието. Ахмети оди и чекор понатаму барајќи да има и потпретседател.

Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Македонија вели дека предлогот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во иднина претседател и потпретседател на државата да се бираат со двотретинско мнозинство и принципот на Бадинтер, e логичен и прифатлив.

– Ваква идеа имаше и порано, но никогаш политичките чинители и експертите не го дискутираа сериозно со иницијатива за измена и во Уставот на РСМ. Co ваква варијанта и ингеренциите на претседателот можат да бидат како сегашните, во делот на безбедноста и надворешната политика. Ние сме мала земја, но добро е да се отвори расправа и за претседателски систем, кој би влијаел битно во одговорноста на Владата, Собранието и судството, под услов претседателот и потпретседателот да бидат личности кои уживаат авторитет и имаат јасна евроатлантска опција за државата, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

Што се однесува до кандидатурата на Бујар Османи за претседател, Рамадани смета дека е најдобар можен избор на ДУИ.

– Неговото политичко портфолио ги задоволува сите стандарди да влезе во трката за претседател. Неговото искуство внатре и во надворешната меѓународна политика е призната од релевантни институции и светски личности. Впрочем тој го докажа и како претседавач на ОБСЕ и Самитот кој беше одржан во Скопје. Но, тоа најдобро ќе го видиме во неговата понуда во дебатните емисии со другите респектабилни кандидати, нагласи тој.

Под слоганот НЕ за Русија, ДА за Европа! – Али Ахмети бара претседателот и потпретседателот на државата во иднина да се избере со 2/3 од гласовите и со двојно Бадентерово мнозинство. Според него отворањето на Уставот за прашањето на претседателот, ќе овозможи и одобрување на Договорот за добрососедство и продолжување на европските интеграции. Тој исто така истакна дека нема да учествува во ниту една влада по изборите која нема да прифати да ги изгласа уставните измени, па дури, како што рече, ДУИ да оди во опозиција.

Од друга страна Арбен Таравари исто така предложи во уставните измени, покрај воведувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот, да се отстранат и 20 отсто како дефиниција за Албанскиот јазик, а претседателот на државата во иднината да се бира во Собранието на Северна Македонија.

– Јас и моите партнери ќе се обврземе да вклучиме три елементи во уставот, воведување на Бугарите, смена на 20 проценти и претседателот на државата да биде избран од Собранието… Сега имаме можност да ја зајакнеме консензуалната демократија, изјави Таравари.

На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од највисокото раководство на владејачката СДСМ за втор мандат, додека единствена кандидатка пријавена на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ е професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова. Пендаровски и Силјановска Давкова беа противкандидати и на минатите претседателски избори (прв круг на 21 април, втор круг на 5 мај) во 2019 година, кога во вториот круг победи актуелниот шеф на државата.

Кандидатор на ДУИ го соопшти лично лидерот Али Ахмети на видео обраќање на социјалните мрежи. Кандидат на ДУИ за претседател ќе биде актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Кандидатури за претседател објавија и од партијата ГРОМ со Стевче Јакимовски и ЗНАМ со Максим Димитриевски. И Бошњаците, како што објавија неколку медиуми, за прв пат во историјата на државата ќе имаат свој кандидат за претседател – Мерсиха Смаиловиќ, која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.

Претходно, Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари, претседател на едното крило на Алијанса за Албанците. Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори.

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори кампањата започнува на 18 април, а завршува на 6 мај.

Претстојните претседателски избори се седми на кои, од независноста, граѓаните гласаат за шеф на државата, позиција која досега ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Дестан Јонузи

Tags: Исмет Рамаданипретседателски избори
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

„Лекцијата по историја“ на Путин му се удри од глава, Кинезите си го бараат Владивосток назад

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk