ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Подеднакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места

March 1, 2024 16:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Го подигнавме на повиско ниво квалитетот на патиштата, а со тоа и ја зголемуваме безбедноста на сообраќајот во општините. Тоа е дел од нашата развојна стратегија на патната мрежа во земјава за која инвестираме преку две милијарди евра. Граѓаните заслужуваат да имаат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот, истакна денеска министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски за време на работната посета на општина Гостивар.

Министерот Бочварски беше на увидот во активностите за обнова на локалниот пат од населеното место Здуње до Дебреше во општина Гостивар, а што се реализираат преку Министерството за транспорт и врски.

Патниот правец е во должина од 1, 2 километри, а инвестицијата е во висина од 18 милиони денари. Активностите се дел од проектот за подобрување на локалните патишта во општините,  вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

Во рамки на овој проект досега се опфатени преку 180 локални патишта и улици во преку 60 општини низ државата.

–  Со реконструкција на овие улици и патишта во општините ги подобруваме условите за живеење на граѓаните, создавме услови за побезбеден сообраќај низ градовите и тоа што сметаме дека е исто така важно го зголемуваме локалниот економски развој на самите општини. Овој проект се покажа како исклучително добар од причина што голем дел од општините немаат доволно средства во своите буџети за вакви проекти. До средина на оваа година очекуваме да објавиме и тендери за реконструкција на уште педесетина улици во различни општини, изјави министерот Бочварски, со кого на увидот беа и техничкиот премиер Талат Џафери, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Претходно, тие извршија увид и во изградба на автопатската делница Гостивар-Букојчани, дел од пактетот на автопати што се градат во рамки на Коридорот 8 и 10 д.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата ги одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

-Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и градежништвото. Имаме одличен напредок досега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна, модерна и квалитетна патна мрежа, рече Бочварски.

Според изведувачот на проектот, досега се склучени повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75 проценти од тие фирми се од Северна Македонија.

Tags: Бочварскипатувид
Next Post

Тренчевска: Мицкоски вети 18.000, СДСМ оствари 22.500 денари минимална плата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk