Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ Биљана Тануровска Ќулавковски ги истакнаа клучните точки на стратегијата за култура на градот Скопје за периодот 2021-2030, која тежнее кон трансформација на Скопје во европска престолнина на културата.
Таа е продуцентка, кураторка и истражувачка која спојува знаење, искуство и значења произведени во полето на културните политики, управувањето со културата, теоријата на уметност и изведба, изведбените уметности и критичка теорија.
-Создадовме некој сериозен документ кој што беше изгласан во градот Скопје дека, изгласан од пратениците нуди рамка, правци кои што ќе можат да овозможат соработки и тн, за да повторно да се насочи градот во градење на нова перспектива во современ и отворен град, да не биде модерен, современ и отворен град, град на денешницата, град на сега и овде. Овие атрибути како што кажав се изгубија со антиквизацијата и политичкиот и културен ревизионизам кој што се случуваше но ете постојат пред нас а се поставува прашањето дали ова е стратегија, стратегија е уште една декоративна форма и може само да не потсеќа на пропаста на можностите, на убивањето на мотивите, надежта и верувањето и дали пости чекор напред за тоа како може оваа стратегија да се употреби а се надевам дека може и тоа е целта, рече таа.
Тануровска- Ќулавкова додаде дека предложената десетгодишна стратегија за културен развој на градот Скопје треба да ја одведе метрополата кон позиција на европска престолнина на културата.
-Со оглед на предизвиците со кои се соочува градот, вклучувајќи ги и последиците од проектот „Скопје 2014“, оваа стратегија има за цел да го претвори Скопје во отворен, инклузивен и зелен град. Имавме неколку обиди за креирање на политики на самиот град, повици за план, за проекти, никогаш не беше одговорено,” рече таа, истакнувајќи дека има силна потреба од активна учествувачка политика која ќе го вклучи граѓанинот во креирањето и зачувувањето на културниот идентитет на градот.
Тануровска Ќулавковски рече дека Стратегијата се фокусира на креирање на културата како централен елемент на развојот на градот, со особен акцент на борбата против ксенофобијата, национализмот и другите опасни закани кои го отежнуваат културниот развој. Таа го споменаа и значењето на отворената дебата и учеството на културните работници и граѓаните во формирањето на културната политика.
-Сакам да кажам дека ваквите средби и јавни потсетувања можеби повеќето од нас не знаат дека постои ваква стратегија и дека постои ваков план кој што навистина би требало заедно да го развиеме,” истакнаа таа, потенцирајќи дека стратегијата е дизајнирана со отворен крај за да овозможи адаптација и иновација во согласност со динамичните културни потреби на градот.Оваа стратегија претставува важен чекор кон обновата на Скопје како град кој ги вреднува своите културни ресурси и стреми кон создавање на заедница заснована на солидарност, инклузивност и креативност, додаде таа.
Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.