ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

March 11, 2024 11:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол денеска во Скопје денеска се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“.

Меѓу оние кои положуваат цвеќе, се и претседателот на државата, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, пратеници, амбасадори.

-Денеска им оддаваме почит на 7.144 Евреи од Македонија. На Марија, Пепо, Жоли, Бесале, Дора, Давид, Руфел, Јаков, Боена, Мари, Ештер и многу други Евреи од Македонија, кои загинаа трагично во логорот на смртта ,,Треблинка”. Седум илјади сто четириесет и четири Евреи од Штип, Битола и Скопје никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови, рече претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви во својот говор.

Техничкиот премиер Џафери порача дека не се тука да отворат рани од болното минато, туку да испратат порака нешто слично да не се случи никогаш повеќе. Тој, меѓу другото, рече оти се придружуваат на велењето ,,не” за каква било форма на нетолеранција, антисемитизам, фашизам, агресија преку исклучување и говор на омраза.

Пред присутните обраќање имаше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел која истакна дека комеморацијата на депортацијата на еврејската заедница во државава во нацистичките логори годинава за Израел има ново и болно значење и кажа оти не сака да го споредува ,,холокаустот со масакрот од 7 октомври“.

-Првиот е најголемата можна трагедија која се случила во современата еврејска историја, вториот е најлошиот ден за Израел од формирањето на нашата држава. Не можеме да го игнорираме фактот дека, доколку постоеше државата Израел, холокаустот можеби немаше да се случи. Од 11 март 1943 година изминаа 81 година, кога еврејските заедници од Скопје, Битола и Штип беа однесени до зградата на Монополот и затворени во провизорни транзитни логори како резултат на добро планирана операција, рече Франкел.

Јас, додаде, овде ја претставувам не само демократската независна држава Израел, што е дом на еврејскиот народ, туку сум исто така и во име на наследниците на еврејската заедница која денес живее во Израел, а особено на 7.144-те мажи, жени и деца, поточно цели семејства кои, трагично, не доживеаја да го видат формирањето на нашата држава.

-Таа вечер на 11 март 1943 година беа качени на возови од страна на нацистичкиот окупаторски режим и испратени во логорот за истребување ,,Треблинка “, каде сите беа убиени во гасните комори, посочи Франкел.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 81 година холокаустЕвреиодбележување

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk