ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Брисел се одржува прв Самит на МААЕ

March 21, 2024 11:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во Брисел ќе одржи прв Самит, на кој ќе учествуваат делегации од 30 држави, претставници на индустријата,директори на истражувачки центри, експерти и претставници на невладиниот сектор.

На Самитот на МААЕ ќе биде истакната улогата на нуклеарната енергија во намалувањето на употребата на фосилни горива, зајакнувањето на енергетската безбедност и поттикнувањето на економскиот развој.

Со самитот ќе претседаваат генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси и премиерот на Белгија, Александар де Кро.

– Самитот за нуклеарна енергија ќе биде можност за сите лидери учесници да ги споделат своите ставови за улогата што нуклеарната технологија мора да ја игра и ќе ја игра во наредните години, во исполнувањето на целите за декарбонизација што заеднички ги поставивме, наведе де Кро.

Се очекува на крајот на Самитот да биде усвоена Декларацијата за нуклеарна енергија, а планирано е да се одржат и четири панел дискусии на кои ќе се разговара за тоа како иновациите дополнително ја зголемуваат конкурентноста, употребливоста и одржливоста на нуклеарната енергија, за воспоставување на еднакви услови за финансирање на нуклеарната енергија, како и напредок во нуклеарната технологија за производство на енергија.

Самитот доаѓа по историското вклучување на нуклеарната енергија во Глобалната анализа договорена на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП28) во Дубаи минатиот декември, која повика на забрзување на нејзината употреба заедно со другите извори на енергија со ниска содржина на јаглерод.

Tags: МААЕнуклеарна енергијаСамит
Next Post

САД подготвија нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

Shortcut

Најново

Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk