Македонскиот народен театар, по повод 27 март, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави, информираат од МНТ.
Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.