ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ

March 27, 2024 15:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заменик- претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и организацискиот секретар на СДСМ Митко Трајчулески денеска во Собранието остварија средба со делегацијата на ад-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија.

На средбата, како што информира СДСМ, се разговараше за подготовките и позициите на политичките партии за претстојните  претседателски и парламентарни избори во државата.

Ковачевски пред делегацијата на ад-хок Комисијата, како што се наведува, ги презентираше позициите, ставовите и основните столбови на изборната програма на СДСМ на претстојните избори.

Ковачевски пред делегацијата на Комисијата потенцираше дека на овие избори постојат два концепта. Првиот концепт е патот кон интеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, кој всушност преставува продолжување на политиките што СДСМ ги спроведува во изминатите седум години. Другиот концепт, е сосема спротивен и е пат на враќање назад на државата, изолација, стагнација, влошување на билатералните односи.

– Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со ЕУ, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи. Сето тоа се случи за кратки 5 години од владеењето на СДСМ и тоа во време на две тешки кризи – ковид пандемијата и енергетската криза, се вели во соопштението.

Ковачевски ги презентираше сите мерки што Владата ги презема во изминатите седум години, кои придонесоа за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на криза, зголемување на платите и пензиите, успешно менаџирање со снабдувањето на струја и парно, намалување на невработеноста, пораст на инвестициите.

Во однос на изборната програма на СДСМ, Ковачевски потенцираше дека таа преставува продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на 10 столба:  Европски плати и животен стандард, Достоинствен живот за пензионерите, Поддршка за младите, Силна домашна економија, Современа европска инфраструктура, Европско земјоделство, Европско образование, Чиста енергија и поевтина електрична енергија, Повеќе фондови од ЕУ за македонската економија, Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.

– По завршувањето на изборите, доколку СДСМ ја формира новата Влада, тоа ќе значи  продолжување на патот кон ЕУ,  подобар европски животен стандард за граѓаните, економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост, нагласил Ковачевски.

На средбата Ковачевски нагласил дека Владата на СДСМ ќе продолжи да ги спроведува реформите кои ќе обезбедат владеење на правото и добро владеење, транспарентни, одговорни и инклузивни институции и креирање политики, приближување и усогласување на националните политики и закони со оние на правото на ЕУ.

– СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома, рече претседателот на СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025
AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk