Ве известуваме дека веста дека е формирана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература е лажна вест, во објава на Фејсбук потпишана од претседателот Владимир Јанковски реагира Македонскиот центар за литература.
Оттаму истакнуваат дека Македонски центар за литература е здружение на граѓани, а не писателска асоцијација.
„Пред малку добивме препратена информација од некаков претпоставуваме лажен мејл ([email protected]) во кој стои: По бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија, поголема група писатели и издавачи одлучи да основа нова асоцијација на македонските писатели – Македонски центар за литература“ се наведува во реакцијата.
Основачи на Македонскиот центар за литература се: издавачите Ненад Стевовиќ и Светлана Кочовска – Стевовиќ, како и преведувачите и автори Владимир Јанковски, Иван Шопов и Николина Андова – Шопова.
Претседател на асоцијацијата е Владимир Јанковски.
Дејноста на асоцијацијата е врз база на слободно пристапување и зачленување, а од неа се дел видни писателски имиња од македонската литература.
„Ве информираме дека ова не е официјално соопштение на Македонскиот центар за литература. Контекстот на основањето на здружението не е поврзан со „бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија“. Македонски центар за литература е организација која не е асоцијација на писатели, ниту нејзините активности се поврзани со случувањата во Друштвото на писателите на Македонија“, се наведува во реакцијата на Македонскиот центар за литература.