1. Риба
Рибите како туната, скушата и лососот се сметаат за здрава опција бидејќи содржат значителна количина на витамин Д. Овој витамин му помага на вашиот организам да го регулира нивото на калциум и да ја одржува функцијата на бубрезите, паратироидната жлезда. Овие видови риба содржат и омега-3 масни киселини кои служат како антиинфламаторни агенси и се добри за мозокот. Истражувањата покажале дека масните киселини можат да ја зголемат количината на серотонин и да го подобрат квалитетот на сонот. Покрај тоа, рибите содржат хранливи масла кои се добри за телото и кожата.
2. Бел ориз
И покрај тоа што белиот ориз содржи пониска количина на влакна и антиоксиданси во споредба со кафениот ориз сепак содржи доволно хранливи материи како што се тиамин, фолна киселина и манган и затоа е одлична опција за ноќен оброк. Покрај тоа, белиот ориз се карактеризира со висок гликемиски индекс. Преку овој индекс се одредува колку може да се зголеми нивото на шеќер во телото со консумирање одреден вид храна. Тоа значи дека консумирањето храна со висок гликемиски индекс, се подобрува квалитетот на сонот најдоцна еден час пред спиење.
3. Банана
Бананите спаѓаат во најдобрите намирници за консумирање навечер поради тоа што се богати со калиум и триптофан кои значително можат да го подобрат сонот. Покрај тоа, бананите изобилуваат со витамини и антиоксиданси.
4. Житарки
Житарките се одличен извор на влакна, но и нискокалорични. Овесните житарки содржат и голема количина на мелатонин, состојка која поволно влијае врз сонот.
5. Јогурт
Незасладениот јогурт е една од најздравите опции за вечерна ужинка, подеднакво добар и за децата и за возрасните со оглед на тоа дека е богат извор на калциум. Како што знаете, калциумот е неопходен минерал за раст на коските, но и за олеснување на мускулните контракции на скелетните, мазните и срцевите мускули.
6. Јајца
Јајцата се одличен извор на протеини и не содржат многу калории. Тие се лесни за приготвување, а згора на тоа содржат триптофан која е одлична состојка за мирен сон.
7. Мед
Според нутриционистите медот дефинитивно заслужува да биде дел од вашата ноќна закуска со оглед на неговите здрави својства. Пред сè, медот е хранлив и не содржи многу калории, а од друга страна го зголемува производството на мелатонин, хормонот на сонот, познат како хормон на долговечноста. Згора на тоа, медот содржи здрави шеќери како фруктоза и гликоза и може поволно да влијае врз нивото на шеќер во организмот.