ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четворица работници загинаа во експлозија во хидроцентрала во Италија, петмина се водат за исчезнати

Во експлозија за време на одржувањето на хидроцентралата на браната Сувијана меѓу Болоња и Фиренца во Италија попладнево, најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени, додека пет лица се водат како исчезнати, извести полицијата во Болоња.

April 9, 2024 21:37
in ДЕНЕС, СВЕТ

Во експлозија за време на одржувањето на хидроцентралата на браната Сувијана меѓу Болоња и Фиренца во Италија попладнево, најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени, додека пет лица се водат како исчезнати, извести полицијата во Болоња.

Во претходниот извештај беше кажано дека има тројца загинати и шест исчезнати.

Претседателот на општината Камуњано, каде што се наоѓа хидроелектраната, Марко Масинара, изјави дека експлозијата се случила на деветто ниво под површината на земјата за време на работа за одржување на турбините.

Според шефот на противпожарната бригада на Болоња, Калогеро Туртуричи, просториите во кои се случила експлозијата се делумно поплавени и исполнети со чад и во моментов се недостапни.

Тој рече дека засега не може да се утврдат причините за несреќата.

Италијанската групација „Енел Грин Пауер“, подружница специјализирана за обновливи извори на енергија на гигантот „Енел“, во соопштението објавено од локалните медиуми наведува дека „избувнал пожар и го зафатил трансформаторот на хидроцентралата“, но набрзо „беа активирани сите безбедносни мерки за да се овозможи „соодветна евакуација на персоналот“.

Од Енел најавија дека продолжуваат да работат применувајќи ги сите неопходни безбедносни мерки согласно внатрешните процедури за да се гарантира евакуација на персоналот.

Премиерката Џорџа Мелони на социјалните мрежи објави дека со страв ја следи страшната вест за експлозија.

И вицепремиерот Антонио Тајани претходно изјави дека со „загриженост“ ги следи случувањата.

Tags: експлозијаИталија
Next Post

Пендаровски го повика Мицкоски на дуел

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk