ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Драгана Чифлиганец прогласена за „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија

Чифлиганец на свеченоста беше претставена како „силна и успешна млада жена, 15 години цврсто етаблирана во машкиот бизнис на висоградбата, позната по трудољубивоста, упорноста, пионерските чекори за воведување на нов концепт на поквалитетно и хумано домување.

March 9, 2020 13:07
in ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната директорка на „Адора инженеринг“, Драгана Д. Чифлиганец синоќа ја доби престижната меѓународната награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија, на манифестацијата за избор на дами и џентлмени на годината на 12-тата по ред манифестација во Белекспо центарот во Белград.

На свеченоста награди им беа врачени на истакнати жени и мажи од јавниот, економскиот и општествениот живот од Србија и од Европа, меѓу кои и на српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Чифлиганец на свеченоста беше претставена како „силна и успешна млада жена, 15 години цврсто етаблирана во машкиот бизнис на висоградбата, позната по трудољубивоста, упорноста, пионерските чекори за воведување на нов концепт на поквалитетно и хумано домување, базиран на светските стандарди и најнови трендови, потврден филантроп, силен лобист за родова еднаквост и женски права и докажан општествено одговорен активист“.

Во своето обраќање Чифлиганец порача дека ова е големо признание, како за неа, така и за Северна Македонија, бидејќи е единствена добитничка годинава од нашата земја, и ја поттикнува и натаму посветено да работи на воведување на иновациите во домувањето и на хуманите проекти за поддршка на поединците и заедницата.

Наградата, доделена на 8 март, Драгана Чифлиганец им ја посвети на „сите силни жени“ за кои, како што рече, славниот нобеловец Иво Андриќ запишал: „Жената стои како капија, на излезот и на влезот во овој свет“.

Драгана Д. Чифлиганец е добитник на повеќе меѓународни и национални признанија, меѓу кои и „40 под 40“ во 2019 година во Амстердам за водечки млади бизнис лидери во Југоисточна Европа, „Менаџер на годината“ во 2012 година во земјава и „Дама во градежништвото“ во 2014 година на Саемот за градежништво.

Next Post

Албанија го прекина и поморскиот сообраќај кон северна Италија

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk