На 12 април со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024.
На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.
Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска Илкова, сопран, Наде Талевска, сопран, Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Влезот за концертот е слободен.