Од првиот напис објавен во медиумите пред дестина години, во кој спонтано го опиша својот ден како самохран родител, и инстантно го сврте вниманието на секоја една жена која ја живее тешката еднородителска патека, Дороти Пачкова до денес, стана симбол на борбата на жените кои сами ги подигнуваат децата, и патем детабуизираше многу прашања. Со организацијата „Една може“ направи тектонски промени од подинување на свеста за проблемите со кои се соочуваат еднородителските семејства, до методолошки практични решенија. Организацијата е лидер во регионот, кога станува збор за делување, активизам во насока на борбата за подостоинствен живот на овие жени. Пачкова, ведра и енергична мајка сега веќе на три деца во среќно семејство, ја продолжува својата борба со новиот проект насловен КВИНТАСТИЧНИ, со кој ќе се овозможи искористување на потенцијалот на секоја една жена, или како што таа вели во интервјуто, „квинтастични е плод на најзрелата и најфилтрирана верзија од мене и ги поврзува сите мои дипломи и формални и неформални, животни и професионални искуствата кои ги имам безброј, и секако отвореноста за милјарда нови питки сознанија.
НоваТВ: Минатиот месец го одбележавме денот на жената, и после честитките и по некој цитат и коемнтар во медиумите, остана истата борба. Твојата работа со организацијата „Една може“, во голема мера ги помести нештата за многу прашања поврзани со статусот на жените во општеството, особено на оние условно кажано „фрагилни“ заради околностите да останат сами родителки. Можеш ли да се навратиш на почетоците на организацијата и да ги издвоиш оние проблеми со кои тогаш се соочи?
Пачкова: Како што измина мојот омилен месец, состојбата во општеството во однос на жените си се враќа во својата комотна зона на небитност, неприоритетност и како што милуваат да кажуваат донесувачите на одлуки, во сферата каде што ако не постојат државни буџетски можности, ние експертките би требало да ги измислиме.
„Една може“ навистина беше и останува, да сведочи како принципите на Новото доба палат и жарат штом се применуваат, па дури и како што тоа го правев јас пред деценија, сосема спонтано и несвесно, од чисто срцево уверување за нежен свет со можности за секоја една да може да ги живее и своите најлуди соништа. Проблемите со кои се соочувавме сите вклучени, за што сведочеа и Цивилите, беа истите оние кои подоцна ни помогнаа да останеме на патот, да не се откажеме и да правиме тектонски поместувања.
Јас сум аут оф д бокс жена. Таква е и мојата работа. Кога немав апсолутно никаква поддршка, ниту дедо владика, ниту партија и посватими, јас нудев поддршка каква што имав тој период – знаење, умеење, стратегии, лекции од изоден пат низ институции, охрабрување и мотовација на жените, по што добив космичка поддршка само поради искреноста и несебичноста со кои водев. И тек тогаш следеше и поддршка од народот, колеги и колешки, соборки, соработнички и сојузнички. И како што растеше поддршката кон мене и моите организации така и јас можев се посуштествено да ги поддржувам жените.
НЕТИПИЧНОСТА ОД ПРОБЛЕМАТИЧНА, СТАНУВА ВОДЕЧКИ СТОЛБ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Па така, од друга страна, тоа што беше проблематично, беше најпрво нашата нетипичност. Никоја од „Една може“, се разбира со мене на чело, не трепкаше и не климаше глава ако така не се чувствуваше. Па се дрзнувавме да зборуваме гласно, да ставаме на дневен ред теми за кои бевме прогласувани за „канцер на општеството” и според мноштвото требало „да се сокриеме дома”. Потоа, моето бунтовништво при секој акт на дискриминација беше нетипичен, па и секоја реакција при многуслојните неправди кои најфрагилните самохрани мајки ги искусуваа. Бев и останав чудна зошто имам нормални реакции и не прифаќам за нормала ненормалности од типот на човеково унижување и обезвреднување.
Останувам на линијата дека човечки третман е основа и почеток на се, па во сите ситуации и животни околности се држам до мојата светла точка на човекољубието поради кое и започнав со „Една може“, продолжив преку „ЈинајтедФем“ и „Квинтастични“. Автентичноста, искреноста, мисионерството и слободата остануваат да ме водат низ женското зајакнување и отворена сум да ми се отвараат нови и нови патишта на женско заедничарење, развој и исцелување. Сега веќе во моето, ново доба, каде сме се побројни и квалитативно, оние кои се активираме од, за и кон се поголемо и поголемо лично но и колективно добро.
НоваТВ: Што досега успеа да се промени на општествено ниво, односно реални опипливи промени што им го олеснија делувањето на овие жени?
Пачкова: Почнувајќи од расчистување на јавен простор и овозможување на право на глас, до детабуизирање и вадење од плакар на најкревките теми како самохраноста, успеавме да ги сензибилизираме и политичарките од кои дел, до пред нашето застапување не знаеа што е тоа еднородителски семејства па често не прашуваа дали тоа значи истородови што некако го помешуваа кога ќе им се претставев како експертка за родова еднаквост и права на еднородителските семејства. И ден денешен сеуште некои се погодени од истата дилема
⁃ Врз основа на горенаведеното успеавме да ги ослободиме најранливите самохрани мајки од партиципација во градинките, во 2016година и до денес поддржуваме при остварување на ова право.
⁃ Изготвивме плејада истражувања, компаративни анализи, стручни публикации и документи за измени на јавни политики
⁃ Лобиравме за измени во законите за социјална заштота и преваленцата за самохраните мајки ја надминува преваленцата за други ранливи семејства па така се обезбеди полесен пристап до социјални мерки кои ги нуди државата за најранливите групи на граѓани.
⁃ Истовремено стапката на добиена социјална поддршка кај еднородителските семејства порасна, но и самата сума е поголема за овие семејства
⁃ Оптшините ги запознавме со круцијалните проблеми на еднородителските семејства па сведочиме секоја година на по некој акт на солидарност од страна на различни општини, и веќе не е доведено во прашање она кое се подразбираше пред Една може- дека сами си го барале и што не мислеле кога ги правеле децата
⁃ Мобилизиравме омладина, или млади од еднородителски семејства кои сами се борат за младинските права на членовите од еднородителските семејства па од тука и соодветното преполовување на партиципацијата за високо образование на младите од еднородителски семејства, кое го буткаме од 2014 година, тие упорно го ставаа под носот на донесувачите на одлуки и конечно и тоа е долгорочно обезбедено од страна на државните универзитети во земјава последните години
⁃ Обучивме безброј жени на целогодишните мултидисциплинарни тренизни за родова еднаквост
⁃ Зајакнавме безброј жени на долгорочните тренинзи за финансиска слобода
⁃ Основавме интерпарламентарна група во Собрание, составена од парламентарки од сите партии и од оваа година веќе имаме коалициско тело кое институционално ќе лобира и застапува за самохраноста и еднородителството.
Иако на моменти се чувствувам како огромна работа да сум завршила, што реално не направи прваци во регионот за третман на самохраноста, огромна работа не чека сите нас и како општество и како експертска фела, токму како да сега почнува се и баш сме на врвот на светот во смисол на непостапување кон разрешување на проблематиката со самохраноста, како регион, тапкајќи во место, додека во светот и Европа работите вртоглаво се менуваат, се ита кон решенија, се усовршуваат политики, се реформираат несоодветни мерки…
НоваТВ: Работите на претставување на новиот пристап во работењето на зајакнување жени, што точно треба ова да опфати?
Пачкова: Најпрецизно, последниве години чувствувам дека многу дадов во сферите на родови политики, во сферата на социјална сервисна поддршка кон ранливи жени, во застапување и лобирање за женски права, во активизам и директна хуманост низ непрокосновена солидаризација и еден дух на мотовација кон подобар свет во кој недвосмислено верувам. Низ работата се препородив себе си, иако како плодна жена во сите смисли кои во моментов на читање ви паѓаат на ум, да, бескрајно сум плодна, одлучив својот придонес, кон мојата животна мисија предодредена со самото симболично мое доаѓање на земјава на 8 март, да го проширам а фокусирам, преку сплет на алатки за директно зајакнување на оние кои се одлучуваат да водат.
Квинтастични е плод на најзрелата и најфилтрирана верзија од мене и ги поврзува сите мои дипломи и формални и неформални, животни и професионални искуствата кои ги имам безброј, и секако отвореноста за милјарда нови питки сознанија.
Преку Холистички НЛП Консалтинг, Системски Коучинг и Организациски Тренинзи и Ритрити, нудам мултидисциплинарен пристап во реоткривање на човековата суперчовечност-КВИНТАСТИЧНОСТ.
Тука сум за секоја една современа компанија, интернационално тело за човекови права, њу ејџ претпријатија и детерминирани организации и лидерки на своите животи и кариери, да ги поддржам низ суштинско водство.
НоваТВ: Колку со промените во општественото делување се менува и мајндсетот, односно перспективата врз овие жени, колку е намален малограѓанскиот поглед кон самохраните мајки?
Пачкова: Малограѓанството иако не е нов феномен на Балканов, како што знаеме одамна генијалните умови се распостилаа во теоретизирање на синдромот на паланкта, дури и мене успева секој пат одново да ме изненади. Колективната мапа е таа, првенствено малограѓанска и те како сме свесни за овој феномен, сите ние аут оф д бокс. Мене убаво ми е што сме глобализирани, што имам слободен избор да не се токсифицирам со генералниот колектив, но на крајот на денот, сепак работам да сведочам за една поубава зора, тука, во мојата родена земја. Зора на надраснување на се што не ни служи како општество. Зора на изгрејсонца на конекција со универзалниот спирит со кој сме мирни – сите сме едно и едното е се. Од оваа позиција кога се создава, сите големи создатели тврдат а јас сум бескрајно благодарна што имам чест да искусувам, се раѓа токму нежниот и пресилен нов свет. Ова го истражувам последниве пет години и работам за ова големо општо добро да може да го постигне и преку него да придонесува, секоја една.
СОРАБОТКАТА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ВАРИРА ВО ЗАВИСНОСТ ОД СЕНЗИБИЛИТЕТОТ НА НАДЛЕЖНИТЕ
НоваТВ: Каква е вашата соработка со Центарот за социјална работа, колку помагаат/одмагаат во вашето делување?
Пачкова: Соработката со центарот е според оние кои се на чело на истиот, па така варира и односот. Како што знаеме, партизираноста е еден од клучните тегови кои не враќаат векови наназад, па ако на чело на центарот имаме раководители кои размилсуваат и надвор од кутијата, се интенвизира нашиот однос и соработка.Ако на чело на центарот е старовековен коловоџа, со таков тим со доминантно рептилски мајндсети, и мапата е исклучиво партиска и комплетно затворена за секаков развој, соработка и изнаоѓање на решенија за оние за кои постои самиот центар. Па така ние, како ескпертска јавност, сме во лимбо зона од која и учиме и црпиме, но и алрмираме кон соодветни миродавни тела дека состојбата во земјава, сеуште, е за под сериозен надзор.
НоваТВ: Дали сте задоволни од работата на шелтер центрите за згрижување на жените и децата кои од најразлични причини морале да го напуштат домот? Освен „кров над глава“, дали добиваат доволно поддршка, психолошка, социјална, за да можат да го продолжат животот по престојот во згрижувачките домови?
Пачкова: Според сите податоци, дрско би било да изјавиме дека имаме, како држава, соодветен систем на заштота и поддршка. Свесни сме за сите недостатоци, и самите факти дека ние мораме да вртиме броеви и да се убедуваме со оние кои се поставени да си ја вршат работата, говори дека нешто е труло во државата.
Трулоста и те како расте па затоа она на кое морам да го ставам фокусот е себезајакнувањето. Секоја една сигурно дека може преку работа на себе да ги надрасне овие веќе, со сигурност трули институции, за кои речиси сум веќе убедена дека нема лек.
Неопходни се сосема нови формации, свежи непартиски и слободни умови кои со страст ќе работат на човекови права и со љубов ќе го кокреираме новиот подобар свет, темелен и на кретивна, создавачка, енергија која пронаоѓа решенија, за разлика од досегашниот доминантно машки свет на лактање, математики, лични интереси и една одекнувачка нељубов кон работата за која се учело.
КВИНТАСТИЧНОСТА КАКО ОТКЛУЧУВАЊЕ НА НЕИСКОРЕСТЕНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ
НоваТВ: Што претставува холистичкиот консалтринг и коучинг, насловен „Квинтастични“ ?
Пачкова: КВИНТАСТИЧНИ, како што се соочуваме со фактот дека стариот свет е скршен, така преку јазикот на денешницата, акцијата, создаваме нов долгопосакуван свет. Таква е КВИНТАСТИЧНИ. Создадена од жена лидерка многу пред своето време. Создадена од мене, толку многу во едно за на крајот ништо. Холистички НЛП консалтинг и Состемски Коучинг е бленд на наука и спиритуалност за постигнување КВИНТАСТИЧНОСТ – суперчовечност, ренесансност, извонредност, …насочени кон отклучување на неискористениот потенцијал.
⁃ Секоја современа компанија која има потреба од фокусирани тренинзи, ритрити, коучинзи и разрешување на најкомпликувани меѓучовечки предизвици, а со цел раст и развој кон КВИНТАСТИЧНОСТ, може да не исконтактира и да договориме соодветна програмска соработка.
⁃ А од длабоко уверување дека колку повеќе даваме, толку повеќе имаме што да дадеме, со излегувањето на ова интервју, подарувам трин коучинг сесии на 3 менаџерки, лидерки или директорки кои може да си ги искористат токму за да се репозиционираат во своето водство. Фокусирањето на личниот развој навистина може да има големо влијание врз деловниот успех. Кога поединците даваат приоритет на само-подобрување, често ги подобруваат квалитетите како водство, еластичност и приспособливост, кои се клучни во развојот на бизнисот. Ова само-подобрување може да се манифестира како зголемена мотивација, подобри комуникациски вештини и посилен капацитет за справување со предизвиците, а сето тоа придонесува за просперитет во деловното опкружување. Кога на ова се разрешува и со системски констелации, отклучена е ракетата за себелансирање кон недвосмислена КВИНТАСТИЧНОСТ. Па да не забораваме да играме интелигентно! Со океанска љубов, за секоја една да може да ги живее своите најлуди соништа!
Разговараше: Ана Василевска
Преземено: Нова ТВ