ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МИОА контра КСС: Трансферот од јавен во приватен сектор ќе биде доброволен процес

Со оглед на предизборниот период, сите можности за казни, трансфери, награди… не се активни, што значи дека ова обвинување за притисоци и закани не може никако да се поткрепи со примери од секојдневното работење на институциите. 

March 9, 2020 14:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор ќе биде исклучиво доброволен процес, никој вработен нема да биде принуден на тоа, потенцира Министерството за информатичко општество и администрација во реакцијата на денешната прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Обвинувањата од КСС изнесени на прес-конференцијата, според МИОА се неосновани и не се поткрепени со конкретни докази и примери. Тие, како што се наведува во реакцијата, се дел од политизирањето на процесот од страна на КСС во овој предизборен период.

– Со оглед на предизборниот период, сите можности за казни, трансфери, награди… не се активни, што значи дека ова обвинување за притисоци и закани не може никако да се поткрепи со примери од секојдневното работење на институциите. Дополнително, зборуваат за поврзаност на трансферот од јавен во приватен сектор со наводни постапки за дисциплински престап, кои секако се забранети во овој период. Трансферот се уште не е отпочнат низ конкретно предвиден процес, а за утврдување на условите и начинот на којшто ќе се спроведува се разговара со сите засегнати страни, вклучително и со синдикатите за што КСС се свесни и се во тек. Разговорите ќе продолжат да бидат инклузивни и одлуката ќе се донеси заеднички, нагласуваат од МИОА.

За МИОА нелогични се и обвинувањата дека анкетните листови се користат како механизам за притисоци и уцени затоа што анкетниот лист е менаџерска алатка за оптимизација на кадри за ефективна и професионална јавна администрација и не се поврзани со вработувањата во јавната администрација.

– Анкетниот лист не е дискрециско право на раководителот и тој не може паушално и самоволно да го пополнува. На тој процес секако претходи спроведена функционална анализа и годишно планирање за вработување, велат од МИОА, додавајќи дека очигледно КСС е единствениот синдикат кој е против покачување на платите во јавната администрација штом ги критикува потпишаните колективни договори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Николовски: Лажни се вестите дека директорката на Дерматологија била на партиски состаноци и на мојата свадба

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk