ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во видеото има делумно стари снимки кои не се од поплавите во Дубаи

April 23, 2024 10:55
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео, наводно од неодамнешните поплави и силни поројни дождови во Дубаи. Видеоматеријалот претставува компилација од повеќе сцени од различни места коишто се однесуваат на исклучително силни ветрови, поројни дождови, поплави, торнадо итн.

Текстот го пренесуваме во целост.

Дубаи под вода: Трговските центри поплавени, луѓе спијат на аеродромите, луксузни автомобили пловат по улиците.
 Дубаи, финансискиот центар на Блискиот Исток, беше парализиран од интензивниот дожд кој во неделата и понеделникот предизвика поплави низ Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а во Оман загинаа 18 лица.
Главниот меѓународен аеродром во Дубаи во вторникот пренасочи десетици летови бидејќи силен дожд ги погоди Обединетите Арапски Емирати предизвикувајќи големи поплави низ пустинската земја. Поплавени се и пристапните патишта до аеродромот. Слични сцени има и на други места во земјата позната по сувата клима и интензивните летни горештини. Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, a градот стана една голема река…, пишува во објавата.

Видеото од објавата што ја рецензираме е составено од повеќе посебни видеа и затоа треба да се разгледуваат поединечно. Првиот клип кој трае 3 секунди, од целосното видео (од 0 до 3 секунди), како што пишуваат проверувачите на факти на Њузчекер, претставува видео материјал објавен пред 5 месеци а на кој се претставени временските услови во Бахраин.

 Тој клип од три секунди е пред да настапат поплавите во Дубаи за кои се известува во објавата што ја рецензираме.

Второто видео пак (од 4 до 11 секунда), е вистинито и навистина ги отсликува настаните кои се случуваат деновиве во Дубаи, односно најлошите поплави и дождови во последните 75 години, со 150 проценти од годишното количество дождови кои паднале во само еден ден, што доведе до најмалку 20 смртни случаи.

На 31 секунда од видеото од објавата што ја рецензираме се појавува сцена од палми и огромни ветришта, а во позадина се наоѓа жолтеникава зграда. Како што пишуваат проверувачите на факти на Квинт, ова видео е од 17 јули 2019 година кога и е објавено на Јутјуб под наслов „Големо чудовиште напаѓа град“.

На 42 секунда во објавата што ја рецензираме се појавува видео материјал со торнадо позади зграда со бело-кафена боја. Вистиномер го пронајде видеото објавено во 2023 година, со наводи дека е од Монтреал, што повторно докажува дека не е поврзано со неодамнешните поплави во Дубаи.

@rtsarovvideo

Monstrous Tornado Approaching #tornado #lasalle #montreal

♬ Tornado Sounds – Tornado Sounds & National Geographic Nature Sounds & White Noise Ambience

Во 43 секунда од видеото може да се забележи авион на писта како се обидува да се движи во водата која е надојдена на пистата и ова видео е автентично од Дубаи како што може да се заклучи од прилог објавен на АБЦ Австралија (21 секунда овде).

Исто така, на 22 секунда во објавата што ја рецензираме, може да се види како возач од  возило во движење снима огромно невреме и зграда која почнува да се руши, како и градежен материјал кој е расфрлан поради силниот ветар. Поточно, возачот од автомобил снима како зградата почнува да се руши а материјалите да се расфрлаат поради силниот ветер. Но, оваа снимка Вистиномер ја пронајде објавена барем на 21 јуни 2022 година, што значи не е поврзана со дождовите во Дубаи.

Останатите снимки кои се дел од видеото се автентични. Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумно невистинита.

Tags: Дубаиневремеснимки
Next Post

Научниците на НАСА имаат нови идеи зошто тече метан на Марс

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk