Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?
Несрин Таир, актерка во НУ Турски театар, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Да успееме хирушки прецизно да ги отстраниме недостатоците!
„Скопје европска престолнина на културата во 2028 година е чест, задоволство и одлична можност да се поттикне регенерирање на нашиот креативен, инвентивен и иновативен потенцијал, да се поттикне социо-економски развој на градот. Можност да развиеме нови и поодржливи форми на креирање културни политики. Одлична прилика да ја зајакнеме улогата на младите креативци за културниот развој на градот, како и нивното учество во обликувањето и создавањето на нови и модерни културни изрази. Подготовката за европска престолнина на културата треба да ја третираме како лабораторија за стратешко инвестирање во културата, така што да се насочиме кон создавање значителни културни, социо – општествени и економски користи. Преку бројни културни настани и проекти кои ќе го прослават Скопје со своето богато културно-креативно наследство на меѓународната сцена ќе мора да изградиме простор за современо-изведувачки уметности.
За почеток, мора да се зголеми буџетот за програмскиот дел, да се развие инфраструктура, потоа да се коригираат работничките услови во културата и да се поддржи независната културна сцена. Неопходна е инклузија. Неизбежна е и обавезна стимулација на развој на креативноста преку размената на идеи и искуства во областа на културата. Ќе мора да конципираме современ наратив за организација на концерти, филмски проекции, театарски претстави, перформанси, изложби. За крај и најважно преку работилници да изградиме капацитети за остварување на врвни уметнички програми, театар, танц, опера, балет, музика и други културни активности што ќе ја обележат 2028 година како една особено значајна и културно богата година за Скопје. Доколку успееме хирушки прецизно да ги отстраниме недостатоците и да ги створиме горенаведените услови, Скопје ќе забележи големи, долготрајни придобивки од оваа титула: зголемени инвестиции во уметноста, зголемен туризам, локална гордост, како и меѓународна почит. Еве мои пример-предлози за настани кои цела 2028 може да се организираат, а каде ќе бидат инволвирани наши млади креативци, со што Скопје ќе го претставиме како надеж за прогресивни сили: претстави и филмски проекции на ‘Академската сцена при ФДУ’ проект на професорите и студентите од Академијата, перформанси на современ, модерен балет и танци, музичките хепенинзи од Никола Карев со ‘свирки’ на средношколски бендови под менторство на проф. Емилија Ристановска итн.“, истакна Таир.
Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.
Поврзано:
За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола