ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ликовна изложба на дела од уметникот Владимир Георгиевски во Делчево

April 23, 2024 21:00
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево од денеска е отворена изложбата на еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). Како што истакна Александар Белогаски стручен соработник по ликовна дејност при Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ која е организатор на настанот, се работи за изложба од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел.

-Биографијата на Ѓорѓиевски е полна со меѓународни изложби, ликовни работилници. Посебно се истакнува со тоа што бил професор во повеќе гранки на факултетите и во институциите. Има доста познати дела во неговиот карактеристичен израз во модерното сликарство мешано со реалистичко сликарство. Познато негово дело е портретот на Достоевски кој е изработен во техниката релјеф и моментално се наоѓа во музејот во Санкт Петерсбург, истакна Белогаски.

Фросина Георгиевска ги покани делчевчани да ги погледнат делата на нејзиниот татко Владимир во наредните десет дена, колку што ќе трае изложбата.

– Како претставник на семејството Ѓорѓиевски ми е чест што може да прикажеме дела на татко ми, дела од неговиот опус кој беше доста голем. Околу вас има слики работени во разни техники кои ги прикажуваат најчестите мотиви со кои татко ми се бавеше во текот на сликарство, теми од литературата, музиката, религијата и природата која му беше најголем учител, така да ќе видите голем број пејзажи. Знам дека сме овде во време на политички збиднувања, но политиката е минлива и менлива, а овие дела се она што останува, затоа ве поканувам да ги погледнете неговите слики, рече Георгиевска.

Изложбата во Делчево се реализира како дел од проектот „Музеум линк“, а во рамки на изложбата се реализираше и ликовна работилница со ученици од локалните училишта.

– Се радуваме што изложбата пристигна во Делчево ќе има можност граѓаните да ја видат во наредните 10 дена. Значајно е што за прв пат почнуваме соработка со Центарот за култура од Делчево. Ние всушност доаѓаме со проектот Музеум линк кој ете овозможува движење на многу изложби низ државата војпат тоа е сео делата на професорот Владимир Георгиевски кој што всушност се еден дел од големата Ретроспектива во почетокот на минатата година во Музејот на град Делчево. Особено се радуваме што еве имаме и можност од локалните училишта да соработуваме и да направиме цртачка работилница, истакна Јасмина Намичева од Музеј на Град Скопје.

Програмскиот директор на установата Методи Толевски изрази задоволство од соработката со Музеј на Град Скопје, најавувајки и понатамошна соработка.

-Со Јасмина ја договаравме изложбата неколку месеци, а ќе следат уште три четири изложби, така што ликовните педагози кои учествуваат со своите ученици ќе имаат прилика да ги посетат, додаде Толевски,

Упати благодарност до менторите по ликовно и нивните ученици кои цртаа во чест на Георгиевски и изрази надеж дека таа соработка ќе продолжи и понатаму.

Tags: Делчеволиковна изложбауметност
Next Post

Проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожа

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk