Двајца момци од населба Сингелиќ (Ченто) брутално претепани од група на хулигани. Напаѓачите се дел од навивачката група “Комити”, објави ПорталХ.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 28.04.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
На Фејсбук страницата „Комити Ченто“ на 19 април 2024 (девет дена пред физичкиот напад) е објавена фотографија со неколку момчиња кои држат транспарент „Чентовци подготвени за јуриш!!!“, со дополнителен коментар „Ченто е подготвено, се чека знак за јуриш!“.
Се поставува прашањето кој и зошто во време на изборна кампања даде знак за јуриш!?
Д. М. / Цивил Медиа