На вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека по изборите директорката ќе биде разрешена од функцијата, а на новинарско прашање дали и кривично ќе одговара, тој ги повика другите институции да реагираат.
Обвинителството за „360 степени“ вели дека сѐ уште е рано за кривично-правна интервенција за директорка на Клиниката за кожни болести која се заразила со коронавирус при патување во Италија, а кога се вратила, наместо во самоизолација, пет дена одела на работа.
Во Кривичниот законик постојат две дела, едното е пренесување заразна болест и другото е непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.

За второто дело, таа не може да одговара бидејќи во земјава не е прогласена епидемија, додека за првото дело е рано за постапување бидејќи не се знае дали заразила некого или не.
Изјавата од Јавното обвинителство за „360 степени“ ТУКА