ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриевски ги изнесе условите на ЗНАМ за формирање на идна влада

April 30, 2024 16:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Максим Димитриевски, кандидат на „Знам“ за претседател на РСМ

Максим Димитриевски, кандидат на „Знам“ за претседател на РСМ

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска ги изнесе условите на партијата за постизборно коалицирање за формирање на идната влада и ги повика граѓаните масовно да излезат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Упати пораки до раководствата на двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриевски го повика раководството на СДСМ во наредните 24 часа да поднесе неотповикливи остави од функциите во партијата, како и носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.

– Во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати и истите ќе ги преземат сите кандидати коишто следуваата на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата, рече Димитриевски.

Вели условите кои ги дава ЗНАМ не се за понижување на СДСМ, туку за одговорност на нејзиното раководство.

– Нашите работни групи се подготвени за разговори и евентуална соработка со некое преодно техничко ново раководство на СДСМ кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивни политики, за најважните национални прашања, но и целосна одговорност за сите поединци кои без исклучок по законот без никаква можност за амнестија, рече Димитриевски.

Доколку СДСМ не го исполни условот, тој вели никој од нејзиното раководството нема право да се обраќа до ЗНАМ, бидејќи како што рече, ќе потврдат дека нивната цел е само да стигнат до пратеничките мандати.

Димитриевски упати порака и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека се согласува со нивните програмски определби за неприфаќањето на уставните измени, како и неприфаќањето соработка со ДУИ.

– Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер Зоран Заев, преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други, за обезбедување на 2/3 мнозинство во идниот собраниски состав, што доколку навистина постои, имплицира  дека селективната правда ќе ја имаме и во идната Влада, како што беше и досега. Во спротивно доколку немате таков став, најдобро е самите да си продолжите и јавно да соработувате, а ние ќе продолжиме заедно со народот, рече Димитриевски.

Прашан дали ќе повика граѓаните да гласаат за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, Димитриевски вели уставно право на секој гласач е да избере за кого ќе гласа.

– Јас реков уште во текот на кампањата како претседателски канадидат, дека гласачите кандидатите, ниту партиите не ги носат во џеб. Тоа е законско и уставно право на секој гласач,  да се произнесе легитмно на демократски  тајни избори за кого ќе гласа. По однос на гласањето, веќе реков дека секој  гласач во Македонија може да гласа според мене, по сопствено  убедување, така како што е запишано во Уставот и во законот, рече Димитриевски.

На прашањето кој од двата кандидати тој лично го преферира, претседателот на ЗНАМ вели јавно го кажал својот став во јули 2022 година кога им се извини на граѓаните за поддршката на Пендаровски.

– Ние од ЗНАМ нашиот избор за коалиција веќе го направивме. Тоа се граѓаните на Македонија, тоа го кажавме пред избори, тоа го потврдуваме и денеска. Нам од ЗНАМ не ни се битни личните или партиските интереси, туку првенствено граѓанските интереси и да бидам уште подиректен на вашето прашање, сакам да потврдам дека во јули 2022 година, јас лично го кажав својот став за актуелниот претседател Пендаровски и јавно се извинив на јавноста дека имав направено грешка со мојата поддршка тогаш за него, рече Димитриевски.

Next Post

Колку поблиску до денот на изборите, толку поконтаминирана станува политичката реторика

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk