ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев за Ременски: Ако некое лице на функција е осомничено, ќе биде времено отстрането за да докаже невиност

Заев: Законот важи за сите подеднакво

October 9, 2019 14:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш стоиме на своите ставови и нема бегање….Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето, ние ја применуваме мерката на санкционирање, што значи времено остранување на тоа лице, да си докаже невиност, одговори премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на Владата, на новинарското прашање, дали потретседателката на Собрание (осомничена во Рекет), Фросина Ременски,  ќе биде отстранета од функциите, и во Собранието и во партијата.

„Вратите се отворени секогаш за секој и за сите. Навремено ќе ги соопштиме нашите ставови, но редно е да видиме за што е тоа лице осомничено, дали е обвинето или слично. Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман на сите пред законот, тогаш тоа треба да го испочитуваме и без разлика тоа дали се однесува на сите нас на одредени партиски  или други општествени функции“, нагласи Заев.

Инаку претходно ТВ 24 објави дека  Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“.

Сите се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Бојан Јовановски Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Денеска Државниот обвинител Љубомир Јовески откри дека Обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски или „Боки 13“, во кој се осомничени се пет лица од кои едно е функционер, а постапка се води и против едно правно лице. Сите се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.

И.Т.З. и Ј.Ѓ.

Next Post

Тимоние: На приближувањето на земјите кон ЕУ гледаме од регионален аспект

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk