Носителот на ИЕ4 на СДСМ, д-р Венко Филипче, која ја доби поддршката од гласачите да биде пратеник во наредниот македонски парламент, во објава на социјалните мрежи се заблагодари на поддршката и истакна дека „СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација“.
„Би сакал да им се заблагодарам од се срце на сите кои ми ја дадоа поддршката на изборите. На сите оние кои напорно работеа со мене и ме поддржуваа во кампањата.
Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите.
СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и ќе го врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа.
Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови.“, истакна Филипче