Шефот на кабинетот на Емануел Макрон, Патрик Строзда, ќе биде тестиран за корона вирус во вторник или среда, откако беше во контакт со заразено лице минатата недела, изјави извор во Елисејската палата, јави дописникот на МИА.
-Патрик Строзда минатата недела беше во контакт со лице кое е позитивно на тестирањето, тој не разви никакви симптоми, рече овој извор, потврдувајќи ги информациите од телевизијата М6.
-Тој работи од дома како мерка на претпазливост за заштита на шефот на државата и ќе биде тестиран денес или утре. Неговиот асистент го обезбедува континуитетот во работата, беше речено од Елисејската палата.
Безбедносните мерки околу претседателот се засилени, нема повеќе состаноци во неговата канцеларија, а се внимава на пенкалата, досиета или хартијата што се допира. Посетите се ограничени, а салите за состаноци се чистат по секој состанок. Соработниците на претседателот се ограничени и за одење во кино, театар или јавниот транспорт.
Министерот за правда Белубет, исто така, ќе треба да има тест со оглед дека почувствувал температура.
Околу 450 спортски манифестации во Франција се откажани или одложени, пренесе министерката за спорт Роксана Марачинену.