Податоците од земјата со најголем број заразени со Корона вирусот покажуваат драстично намалување на проширувањето, а 70% веќе закрепнале.
Од вкупно 80,761 заразени со корона вирусот во Кина, 60,113 веќе се излечени а вкупно 3,136 се починати. Активни пациенти заразени со Корона во целата држава од каде потекнува случајот се само 17,512, а последните 24 часа се регистрирани само +26 нови случаи што е огромно намалување на проширувањето на вирусот.
Една од главните мерки на Кина против корона вирусот беше затворање на големи области од земјата. Истата мерка почнала да се применува и во Италија, втора држава по ред со најголем број заразени, 9.000 вкупно и 460 починати досега.
А. Зеќири