Гости на Слободна Телевизија на Слободен печат во ко-продукција со ЦИВИЛ, беа уредниците на ЦИВИЛ Медиа, Драган Мишев и Дехран Муратов.
Повод на гостувањето беше тоа што ЦИВИЛ скоро четврт век, со својот иделаизам од невозможното прави возможно во полето на човекот, на единката, на индивидуата. Тимот на Организацијата е борецот за континуитет, слобода, еднаквост, мултикултура …
-Нашата улога е човечка, граѓанска. Ние сме тука да им ја пренесеме вистината на граѓаните. Тоа е затоа што живееме во свет каде што граѓаните повеќе веруваат во добро спакувана лага, отколку на факти и вистина. Во ова време, за жал, граѓаните ќе треба да проверуваат не само два извора, туку повеќе од три четири, пет извори за да дојдат до вистината. Сега доаѓа време каде што вештачката интелигенција и тоа како напредува, а истата е добра алатка во рацете на пропагандистите, на трол фабриките кои што малце труд правата голем неред, истакна Муратов.
Според Мишев пак проблем е што дезинформациите и лагите се многу добро спакувани на социјалните мрежи кои се повеќе и повеќе и делуваат на голем број на млади луѓе.
„Конкретно сега во експанзија е мрежата Тик Ток, кинеска мрежа која на големо се користи во кинеската, но особено руската пропаганда“, истакна Мишев.
Повеќе од дебатата погледнете во видеото: