Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.
Според УХМР, изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.