ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена

May 28, 2024 16:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА

Во земјава има висок процент на жени кои не можат да си дозволат пристап до менструални производи. Во истражување спроведено пред неколку дена со кое биле опфатени 1.118 испитанички, 34 отсто одговориле дека немаат пристап до менструални производи поради високата цена, информираа денеска од здружението „Новинари за човекови права“ по повод Меѓународниот ден за подигнување на свеста за менструалното здравје.

Беше презентирана компаративна анализа од истражување за степенот на менструалната сиромаштија во Северна Македонија, Србија и во Албанија во рамки на проектот „Управување со ризик во секторот за вода, санитација и микропластика во регионот на Балканот“, поддржан од Министерството за животна средина на Германија и во партнерство со WECF International.

Во однос на трошоците, жените кај нас укажале на тоа дека најмногу во текот на месецот можат да трошат 250 денари за менструалното здравје.

Менструалната сиромаштија во земјава, како што беше посочено, се должи и на големиот процент семејства што земаат минимални примања.

– Прашањето за менструалното здравје, за управувањео со менструална хигиена сѐ уште многу малку или воопшто не се зборува во училиште. Тоа е една од причините што нѐ наведува да се прашаме, каде одиме, затоа што како девојчињата кога првпат ќе добијат, ќе знаат како да се соочат и што да прават?, рече Наташа Доковска, програмски директор на здружението „Новинари за човекови права“.

Таа информираше дека податоците покажуваат оти поради неможноста жените да купат влошки, за 70 отсто е зголемен процентот на инфекции на репродуктивното здравје кај жената.

– Сакаме да испорачаме неколку барања до владата. Сите девојчиња во образовниот процес од следната учебна година да добиваат бесплатен пакет производи во текот на месеците додека одат на училиште. Во сите молови и хотели да имаат бесплатен пристап до производи за управување со менструалното здравје. Да бидат одобрени еден до два слободни дена месечно за секоја жена од работа, која има потреба. Да биде законски регулирано за да нема злоупотреби, истакна Доковска.

Tags: менструални производименструално здравје
Next Post

Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk