Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти соопшти кој ќе биде на голот на тимот во големото финале во Лигата на шампионите утре од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.
-Тибо Куртоа почнува утре. Андриј Лунин ќе биде на клупата, изјави тренерот на Реал.
Причината за ова е што Лунин боледува од вирусна болест, која го спречи целосно да тренира со тимот.
Шпанскиот тим ќе го брка 15-от трофеј во натпреварувањето, а противник утревечер ќе им биде Борусија Дортмунд.