Светската здравствена организација прогласи пандемија на корона вирусот.
„Глобалното проширување на коронавирусот сега го достигна нивото на глобална пандемија, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
„СЗО постојано ја проценува оваа епидемија и длабоко сме загрижени и од алармантните нивоа на ширење и сериозноста, и од алармантните нивоа на пасивност. Затоа ја донесовме процената дека ковид-19 може да се окарактеризира како пандемија“, изјави тој.
До минатата недела СЗО тврдеше дека се уште не станува збор за пандемија, но по проширувањето на сите континенти, сега веќе станува збор за пандемија.
Брзата акција може да спречи поголеми жаришта и пренесување во рамките на заедници, па дури и ако не успеат да го сторат тоа, „можат да направат пресврт“.
Предизвикот не е дали земјите можат да го променат текот на вирусот, туку дали ќе го сторат тоа, вели Тедрос.
Тој рече дека некои земји се борат со недостиг од ресурси, но и дека некои се борат со недостиг од решителност.