ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат консензус- колку тоа убаво звучи

June 11, 2024 14:01
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Со голема љубопитност и внимание ги чекав реакциите на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, особено на ВРЕДИ за големото изненадување на наивните поради, да не речам, обнова на старото партнерство, туку постигнување на заеднички став со ДУИ за важни државни прашања, како што е зголемувањето на бројот на министерствата и на министрите и на државната администрација. Ќе има изобилство на функции и нови работни места за сите партиски кадри.

Таа убава вест ја соопшти потпаролот на ВМРО ДПМНЕ и пратеник Марија Митева, што малку ме зачуди оти очекував поради големото значење на еден ваков политички прагматичен чекор тоа многу пошироко и поконкретно да го образложи пред јавноста идниот премиер Христијан Мицкоски. Од тримувиратот на ВРЕДИ, плус Арбен Таравари пристигна и пофалба за ДУИ за омекнатиот став на конструктивната и вразумена опозиција.

Митева обзнани дека нејзината партија со овој чин обезбедува единство и  гради консензус за прашања важни за државата и тоа без никакви хипотеки кон никого. Или, како што прецизно кажа: „Македонија е ставена на брза лента кон економска трансформација, евроинтеграции и немилосрдна борба со криминалот и корупцијата“.

Револуционерната политика прави чуда

Милина една ме обли кога ги слушнав и исчитав овие експресни трансформации. Не дека не ги очекував, но морам да признаам не толку брзо, едноставно и ефикасно за големиот успех на постигнување консензус. Мислев дека тоа ќе се прави на еден поинаков начин со поголема внимателност, да не се навредат „корисните будали“ кои очекуваа да се оствари тоа што го приповедаа. Човек паднат од Марс, или во улога на „изгубен Германец“, би рекол: па што чекаат другите од опозицијата? Под итно мора да се приклучат на генијалната идеја и да ги усвојат едногласно 120:0 уставните измени и се она што им остана блокирано поради немање на 80 гласа во Собранието. Колку било лесно да се качиме на платформата на која е поставена брзата лента за Македонија кон економскиот прогрес, членството во ЕУ и немилосрдната пресметка со организираниот криминал и високата корупција. Што се вели- алал вера. Симнувам капа. Револуционерната политика прави чуда. Или како што велат браќата Бугари „С,единението прави силата”.

Колку изгубено време и изгубени генерации потрошивме бадијала за тој волшебен странски збор „консензус“, што значи заеднички став без кој Македонија изгуби неколку генерации, а колку едноставна и лесна била работата. Значи, после Курбан бајрам, но пред Задушница, која симболика човече, по прославата на празникот на Аврамовите, или Ибрахимовите вери сеедно, да не се жртвува човекот, туку овенот, а пред оддавање почит на мртвите во Македонија за Задушница ќе престане попречувањето на реформите, читај на преговорите со ЕУ. Ќе нема веќе жртвување на граѓаните, туку само на ајваните.

Ќе процветаат и тиквите

Бугарите и Грците ќе ни станат први пријатели и најголеми поддржувачи. За тоа ќе помогне следниот консензус без хипотеки. Криминалците ќе одат во затвор и од ДУИ и од свети СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и кој и да е, ќе нема странски платеници, домашни предавници и непријатели на татковината. Македонците, Албанците и сите други 11 делови од народи што живеат во Македонија од вториот ред ќе се префрлат во прв ред. Медиумите ќе ги почнуваат ударните вести со големите успеси.

Државата ќе ни стане рајска градина. Ќе процветаат и тиквите. Само малку сум загрижен, се разбира сосема непотребно, како сето тоа ќе функционира ако нема непријатели и предавници. Велам непотребно оти сите ќе станеме патриоти, освен некои маргинални групи, „шака јада.“ Со постигнување на единството политичкиот натпревар во Македонија ќе се одвива кој ќе трча побрзо и ќе рипне повисоко кон Европа, кон демократијата и кон економскиот прогрес на државата. Тоа ќе биде македонската олимпијада во олимписката година. Не верувате. Зошто сега таков песимизам и малодушност кога за тоа гласавте. Јас верувам во тоа. Нема подобар начин да се видат сите лаги од остварувањето на тој толку посакуван консензус. Или, како што викаше еден наш поранешен знаменит политичар „можете да лажате извесно време, ама не можете да лажете цело време.“

Но, во Македонија и тоа можело кога ги гледам аплаузите и го слушам заглушувачкиот молк на излажаните. Довидување до следниот консензус.

Рози по патја.

Преземено: Дојче Веле

Next Post
(Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Исмет Рамадани за ЦИВИЛ Медиа: Гаранциите што ги бара ВМРО-ДПМНЕ од ЕУ со победата на десничарите, ќе бидат декларативни, но не и на хартија

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk