ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ

June 14, 2024 09:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Галерија МКЦ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Професори и студенти“ на која ќе бидат претставени дела на професори и студенти од уметничките факултети и школи во земјава. Ќе бидат презентрани сликарски дела на платно и лесонит, графики изработени во техники како сува игла, акватинта и висок печат, а најбројни се делата изработени на линолеум – линорез.

-Годинава изложбата се одржува вторпат, по минатогодишната, со тенденција да стане брендиран настан на МКЦ. Оваа година, точно сто години по отворањето на втората групна изложба во историјата на Македонија, и сто години по првиот, неуспешен обид за формирање Ликовна академија кај нас, се отвора втората групна изложба наречена едноставно: „Професори и студенти“, соопшти МКЦ.

На изложбата, која ќе биде отворена до 23 јуни, ќе бидат претставени дела од универзитетски професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Факултетот за уметност и дизајн на Интернационалниот балкански универзитет, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и „Скала“ – Школа за дијзан и уметност.

-Самиот број на застапени институции, како и на различните академските програми што тие ги нудат, говори многу за промената и за развојот на културната и ликовната свест во Македонија во изминатите сто години, а истовремено, и за сегашното високо ниво на уметничката и академската култура во нашата земја. Изложбата „Професори и студенти“ е амалгам од разни дела и место каде што се спојуваат ликовните гласови на уметници од различни уметнички академии. Основата, сржта на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и на нивните студенти, наведува МКЦ.

Изложбата ја организира Младинскиот културен центар со финансиска поддршка на Град Скопје.

Next Post

Макрон: САД, Франција и Израел ќе работат на намалување на тензиите со Хезболах

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk