Голем успех на нашите македонски винарии постигнат на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што се одржа оваа година во две држави Турција и Бугарија.
Во силна винска конкуренција со над 1200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии освоија вкупно 162 награди.
Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино освои Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.
Како што истакнуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, „Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина“.