ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иванов: Не постои незаконско финансирање на ДФРМ од страна на Агенцијата за филм

June 18, 2024 16:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Претседателот на Друштвото на филмските работници (ДФРМ) Игор Иванов на денешниот брифинг одговорајќи на новинарско прашање во врска со Извештајот на Работната група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм формирана од министерката за култура во заминување Бисера Костадиновска Стојчевска, напомена дека не постои никакво незаконско финансирање од Агенцијата до Друштвото. Тој потенцираше дека Државниот завод за ревизија констатирал оти средствата што ДФРМ ги има, се искористени на законски начин, пренесува МИА.

Според Иванов, наодите дека Фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ не доставувале извештаи се смешни.

-Нам не ни побарале извештај ниту од Агенцијата за филм ниту од Министерството за култура. Ние имаме обврска да доставиме извештаи и истите ги доставуваме, рече Иванов.

Прашан дали ќе тужи за клевета, тој одговори дека за тоа ќе се одлучи со пошироки консултации во нивната фела.

-Ние најавивме дека ќе преземеме акција, бидејќи самиот извештај е преполн со невистини. Таму има низа на работи кои се однесуваат на прекршување на процедури во самата постапка на таа Комисија, за која е големо и прашањето колку е надлежна да постапува, а и многу други прекршувања на закони. Ние ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите можности за нашето понатамошно доделување. Се разбира, ова не е приватна компанија, станува збор за ДФРМ кое брои повеќе од сто активни члена и ќе мора тоа да се направи со пошироки консултации со нашата фела, додаде Иванов.

Тој рече дека во ДФРМ имало инспекции од Министерството за култура, од Државниот завод и од други инстанци и никој не констатирал никакво прекршување.

-Во ДФРМ поминаа сите по пријави од страна на Милчо Манчевски, а и по други пријави од луѓе кои се засегнати не знаеме од кои причини поминаа сите можни инспекции. Инспекции од страна на Министерството за култура, но и од Државниот завод за ревизија, кој патем се изјасни дека парите од ДФРМ се трошени наменски. Едноставно кај нас, работата е чиста и тоа е јасно и евидентно, додаде Иванов.

За обвинувањата кон Бранко Петровски, Иванов рече дека тој како финансиски советник воопшто немал ингеренции да ги одобрува проектите на ДФРМ. Петровски одобрувал филмски проекти, краткометражни, долгометражни документарни играни филмови.

-Не постои незаконско финансирање на ДФРМ од страна на Агенцијата за филм. Јас тоа не го гледам, затоа што ако Агенцијата за филм постои за нешто, тоа е за финансирање на филмот и филмските работници. Здружувањето во доменот на филмот е секаде во светот морална работа и добредојдена. Не постои Друштво што не е финансирано од страна на државата. Сите се финансирани од сопствена чланарина, но без субвенции од државата тие не би можеле да функционираат, додаде Иванов.

Уметничката координаторка на „Златна рамка“ Ана Василевска одговорајќи на прашањето како го коментира извештајот за работењето на Агенција за филм, на денешниот брифинг со новинарите, потенцираше оти смета дека Министерство за култура треба да знае дека судир на интереси во оваа држава може да констатира единствено Државната комисија за спречување на корупција.

-Вообичаено, судир на интереси може да се констатира кај функционери и во никој случај тоа не може да бидат хонорарци. Едноставно, таков е законот, рече Василевска.

Внатрешната ревизија на Министерството за култура утврди дека 39 проекти добиле околу 813.000 евра, а не снимиле филмови, дека се толерирани фалсификувани документи од повластени продуценти, дека се местени конкурси од лица со судир на интереси, незаконски исплати на пари кон ДФРМ, не биле поднесувани финанасиски извештаи за Фестивалот „Браќа Манаки“ и дека незаконски се извлекувани преку фестивалот „Златна рамка“.

Контролата била извршена во текот на април и мај 2024 година.

Tags: ДФРМИгор Иванов
Next Post

„Филхармонија на отворено“ во Градски парк со концерт „Одисеја 2024“ со музика од филмовите на Стенли Кјубрик

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk