Луѓе од врвот на американскиот банкарски систем се сретнаа во Белата куќа со претседателот Доналд Трамп, а нивната порака на средбата била дека американските банки се доволно силни и подготвени да им помогнат на малите компании и на граѓаните доколку продолжи ширењето на корона вирусот, пренесоа британските медиуми.
Првите луѓе на „Американ банк“ , на „Голдман Сакс“, „Сити банк“, „Џеј Пи Морган“ и другите уверуваат дека банките се стабилни, дека нема финансиска криза и дека се подготвени да ја поддржат ликвидноста на економијата.