ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставен суд ќе ја оценува уставноста на измените на Законот за облигационите односи и на Законот за платите на јавните обвинители

June 20, 2024 09:09
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска треба да одлучува по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права помеѓу кои се и Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители.

Според подносителот на иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, новите измени ги ограничуваат доверителите да го остварат побарувањето утврдено со правосилен поединечен акт на суд или друг орган, односно да го наплатат долгот по присилен пат, што, според него, е спротивно на член 30 став 3 од Уставот, член 17 од Универзалната декларација за правата на човекот и член 1 од Протоколот на Европската Конвенција за човековите права.

Во однос на член 4, кој се однесува на започнатите постапки за наплата на побарувањата, подносителот смета дека тие ќе завршат согласно овој закон, а подносителот наведува дека тоа ќе предизвика нееднаквост помеѓу доверителите, пред и по влегувањето во сила на Законот.

Според втората иницијатива за истиот закон, подносителот смета дека со примената на изменетото законско решение од 368 од Законот за облигациони односи, одредени правни и физички лица (доверители) ќе бидат ставени во нееднаква и нерамноправна положба што ќе предизвика нивна дискриминација за сметка на други правни и физички лица (должници) кои ќе бидат ставени во поповолна положба.

Наведено е дека оваа одредба ќе предизвика последици не само на правната држава, туку и други области како економијата, банкарството, финансискиот систем, странските инвестиции и измените кои се оспорени директно влијаат на финансиската дисциплина во државата.

На денешната седница ќе се решава и по иницијативата во која е оспорен Закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, каде подносител е Здружение на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Според наводите во иницијативата со донесените законски измени се интервенира во платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавни обвинители на начин што се намалува коефициентот за утврдување на платата, а со самото тоа се намалува и висината на платата ако се земе предвид дека основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Се наведува дека вака донесените законски измени претставуваат директна, законски забранета интервенција во платите која ќе резултира со намалување на платите со што се доведува во прашање уставно востановениот систем на поделба на власта, владеењето на правото и уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство.

Според подносителот, оспорените законски измени не се во согласност со Уставот кој забранува повратно дејство на законите и другите прописи имајќи во предвид дека во оспорените закони е пропишано дека коефициентите за утврдување на платите ќе започнат да се применуваат со исплатата на платата за месец февруари 2024 година, а од друга страна и во двата закони е пропишано дека влегуваат во сила со денот на објавување во Службен весник.

На 19. седницата ќе се расправа и за иницијативи во кои се оспорени Член 273 став 10 и 11 од Кривичниот законик, Член 49 во дел „освен членот 8 во делот кој се однесува на заштита на жртвите од казниви дела и заштита на жртви од трговија со луѓе“ од Законот за бесплатна правна помош, Член 38 став 2 во дел „Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис“ од Законот за општата управна постапка, Правилникот за постапката за донесување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденција на доставените колективните договори и нивните измени, Член 4 став 1 точка 3, член 5, член 13 и член 14 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија како и едно барање за заштита на слободи и права и повеќе предлози за одлучување со нацрт-одлуки.

Next Post

Хезболах тврди дека има ново оружје што може да го користи за да погоди цели длабоко во Израел

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk