ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Јово против Венко заговара нова „класна војна“?

July 9, 2024 14:02
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Јован Деспотовски против докторот Венко Филипче, актуелниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз. Дали добро прочитавте до сега? Да, добро прочитавте.

А, како е тоа возможно, „молиќу лепо”, некој ќе праша: „па зарем не се тоа исти партиски другари кои ѝ мислат добро на својата СДСМ”? Во основа, на површина, точно е, двајцата (од една страна Филипче, а од друга страна Јово) ѝ мислат добро на својата СДСМ. Ама и не е баш во целост така едноставно.

Ајде да влеземе подлабоко во „политичкиот interregnum” и ја одмрсиме оваа замрсена „класна војна”, така типична за контекстот и околностите во кои сите се најдовме.

Имено, прво, да го споменеме поширокиот контекст. А тој контекст е следен: оваа земја е кандидат за Европската Унија. И во такви околности, земјата мора да има некоја опозициона сцена која треба да го задржи „шмекот” дека, еве, нели, не (под)паднала Северна Македонија со десничарите под авторитаризам, ами слободно се критикува и се „дере” против власта. Понатаму, секоја власт, а посебно онаа за која тепаме дека е „десничарска”, ултраконзервативна, шовинистичка, изолационистичка и во основа репресивна, си бара свои опозициони јатаци кои ќе им бидат од корист, поточно – на сите нивни небулози, пропаганди и лаги, ќе има опозициони играчи кои аплаудираат со изговорот, „Ние може да се критикуваме, ама тоа што е добро за државата и ‘сите нејзини граѓани’, ние треба беспоговорно и воодушевено да го прифатиме”.

Дури и кога се работи за ординарна лага, важно е да го следиме владиниот наратив: „секаде каде што одиме ние  привлекуваме инвестиции”, а имаме и „опозиција која час нè фали, а час и не критикува”. И тука, нели, во таков контекст ние ем ја гаиме критиката, ем го зачувуваме „шмекот на Европска земја” која во себе има пропулзивни политики за отворена критика.

Јас мислам дека едно од тие „вмроовски галеничиња” во опозицијата пикиран е Јово Деспотовски. Некој може да рече, „ти, дечко, имаш бујна и раскошна фантазија”, имам, не велам не, ама исто така знам дека јас не знам алва да правам, ама феноменологијата на овдешните луѓе ја познавам, и знам на што сè се спремни овдешните опортунисти.

Идејата на Јован Деспотовски, не знам колку е консеквентен да мисли освен што бил политички директор на некакво владино ТИРЗ (што е тоа мајка?!), барем од она кое го исчитувам преку медиумите, а гледајќи ја и „класната борба” за претседател на СДСМ, во која со право, Венко Филипче ја однесе победата, мене ми зборува дека Деспотовски нема да се смири.

Тој негов немир, уште ми кажува и дека не само што ќе ѝ аплаудира на Мицковата влада која е преполна со актери од најсрамниот дел на поновата македонска историја, ами Деспотовски ќе шири дефетизам и недоверба помеѓу самото членство на СДСМ. Оти, за вие да инсталирате авторитарен поредок – поредок кој обично се инсталира брзо – бркаш сe „неподобно” а пикаш се „подобно” – вие мора да имате опозиција по мерка на власта.

Венко Филипче сигурно овие рботи ги знае; и во иднина ќе мора да му каже на своето членство како оперираат јатаците во „опозицијата”. Се работи за механика од опозиционен раскол и недоверба меѓу самото членство, а тука е и познатата механика од „параноја”: секој против секого.

И кога сè ова ќе го имате во предвид, башка и ќе се обидувате да го спроведете на терен, потоа уште полесно ќе се спроведуваат избори во кои победникот е извесен уште пред  тие да се одржат. Било да се работи за локални, предвремени или парламентарни избори.

Десничарите никогаш на избори не излегуваат ако претходно не знаат дека СО СИГУРНОСТ се победници. И таквите секогаш ќе си најдат денес некој „Јово”, утре некој друг „Јово” и така натаму и така наваму.

Венко Филипче е на потег: да обедини сè што може да се обедини, а тоа што не сака заради лични суети или „ја го мразам овој затоа што тој мене ми рече носло, а ја нему ушло” и слични тривијалности, таквите слободно да ги (рас)пушти низ македонскиот „лунарен парк”, па тамо слободно нека плутаат со „слободните (вмроовски) радикали”.

Јас мислам дека Венко може, и јас верувам дека Венко ќе ја обедини СДСМ уште повеќе и уште подобро.

И верувам дека само Венко може да го „прошири полето на борба”, како што би рекол сјајниот француски Enfant terrible, Мишел Уелбек.

Go, Venko, go!


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk