„А слушнете НАТО се потите. А слушнете ЕУ се нервирате. Денес живееме во слободно време, демократија, ние стануваме 30-та членка на НАТО. Вие сте против европскиот напредок и против силна економија. Не го признавате Извештајот на Европската комисија. Со членството во НАТО обезбедуваме сигурност. А со вас бевме во време на изолација, на темнина, сега сме светол пример во регионот.“- изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата Топ тема на Телма, одговарајќи му на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ во врска со неговите ставови за европските интеграции.
„Приоритет на земјата која што се наоѓаше на раб на граѓанска криза, граѓанска војна и финансиски колапс оставен од Никола Груевски, за само две ипол години денес имаме решен проблем со Грција, со Бугарија. Сè тоа благодарение на генерација која што храбро без калкулации со одговорност прифати да влезе во решавањето на проблемите и да ја влече државата напред.
Ете затоа денеска чекаме Шпанија со ратификацијата да го донесе членството на РСМ во НАТО во најелитниот безбедносен клуб“ истакна Љупчо Николовски





