„Она што е важно е дека здравствениот систем навистина даде одговор на она кое што денеска се случува во нашата држава и будно се следат сите мерки и се превземаат навреме и токму затоа бројот на заразени е низок, немаме починати и сето тоа укажува дека сите мерки биле превземени на време се со цел заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните и токму затоа ние постојано апелиравме дека ова не е прашање на дневна политика, ова не е прашање со кое политилчарите треба да добиваат или губат поени, ова е прашање кое што треба за прв пат да покажеме национален консензус и конечно да ги погледнеме вистинските проблеми на граѓаните.“, рече потпретседателката на Владата Мила Царовска во гостувањето во емисијата Патот кон… на Алсат
„Во овој момент на дневно ниво ја следиме ситуацијата како што кажав и сметам дека навистина е неблагодарно денеска да зборуваме дали одлагање или не затоа ќе на крај одлучат сметам експертите, епидемиолозите затоа што јавното здравје е пред се и тука сметам дека навистина треба да заеднички се носат одлуките и да ја следиме ситуацијата и ако има таков ризик да тој седне и се дискутира заедно со сите…“, додаде Царовска





