„Иселувањето стана проблем во текот на владеењто на ВМРО – ДПМНЕ, сите меѓународни институции укажуваат дека половина милион од нашето население се иселува токму во тие 10 годни кога владее ВМРО – ДПМНЕ.“, вели Царовска во гостувањето во емисијата „Патот кон“ со Арта Тахири на Алсат.
На прашањето за економските показатели Царовска истакна дека извозот е зголемен, странските директни инвестиции се за два пати повеќе, или за 63 % поголеми од тоа што се случувало во време на ВМРО ДПМНЕ, исто така додаде Царовска дека сега за само 2 години има 24 инвеститори, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ вкупно се околу 13.
„Сето ова укажува дека за 3 години ние сме постигнале 2 пати повеќе од тоа што тие успеале во владеење од 12 години.“, истакна Царовска.
За економските мерки и можните интервенции како резултат од корона вирусот, Царовска истакна дека економскиот тим ги разработува сите економски мерки согласно параметрите кои стојат во буџетот и параметрите кои од приливите ги добиваме во буџетот од економијата.
„Од друга страна во секојдневната комуникација со стопанските комори ги разгледуваме можностите за интервенција. Во моментот нема таква кризи, имаме одредени сектори чии што учество во БДП е многу ниско, но сепак во мерките ги вклучуваме тие сектори за да не се чувствуваат загрозени“, рече Царовска.
Според Царовска наскоро тие мерки ќе бидат ставени на располагање.
„Дел од компаниите ќе ги искористат, дел од нив не, во зависно од тоа дали се ликвидни или не , дали се чувствуваат загрозено или не. Секако дека хотелите во целиот свет, посебно во Европа ќе имаат одреден застој и тука тие ќе треба да повлечат одредени финансиски средства, да ги одложиме плаќањето на даноците, но се е тоа во рамки на дневна дискусија и со стопанските комори и со економските ресори за да не избрзаме со одредени одлуки“, рече Царовска.





