Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, втора година по ред се пласираше во финалето на Вимблдон, совладувајќи го попладнево во полуфиналето Русинот Дањил Медведев (АТП – 5.) со 3-1 во сетови (6-7 (1), 6-3, 6-4, 6-4).
Првото полуфинале на централниот терен на Ол Ингланд се играше два часа и 55 минути.
Алкараз во неделното финале ќе ја брани титулата против вториот светски рекет и седумкратен победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ, кој во второто полуфинале го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП – 25.), со три нула во сетови 6:4, 7:6, 6:4.
Второто полуфинале траеше 2 часа и 48 минути.
Ј. Ѓ.