Придржувајќи се на препораките на Владата за новонастанатата ситуација со опасноста од корона вирусот, советниците на Општина центар 44. седница на Советот наместо во салата, ја одржале надвор на отворено.
Како што може да се погледне од фотографиите што ги постираше Јон Фрчковски на својот Фејсбук профил, советниците се седнати на клупи и на соодветна оддалеченост едни од други.