Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во текот на вчерашниот ден преку своето подрачно одделение во Дебар се вклучила во работата на Оперативниот штаб, што беше формиран за справување на терен против ширење на корона вирусот.
Во соопштението на Дирекцијата се наведува дека таа свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и целосна опрема за РХБ заштита делувала на терен.
– Дирекцијата за заштита и спасување со своите човечки и материјално-технички ресурси останува максимално ангажирана за намалување на ризикот од ширење на корона вирусот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски”.